Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртото коло од ФА Купот откако на гости го совладаа Вулверхемптон со 0:1 (0:1).
И покрај тоа што Јирген Клоп играше со сосема променет тим во однос на мечот пред 10 дена кога беше практично со најсилниот тим, а Хулен Лопетеги го направи спротивното, Ливерпул го совлада Вулверхемптон и продолжи понатаму.
Единствениот гол го постигна Харви Елиот уште во 13. минута. До крајот „волците“ имаа иницијатива, но не успеја да се изборат макар за реми.
Elliott 🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/duUotvnHdP
— The Anfield Talk (@TheAnfieldTalk) January 17, 2023