Бразил извади реми со Португалија со помош на ВАР во последната секунда

254

Фантастично возбудлив финиш на мечот меѓу Португалија и Бразил од втората рунда на СП 2023. Резултатот заврши 28-28, а четири минути пред крајот Португалците имаа предност од два гола. Потоа Бразилците со два гола изедначија, а во последната минута Кико Коста донесе предност за Португалците од 28-27. Но тоа не беше се. Буквално во последната секунда судиите со помош на ВАР оценија фаул на Алексис Боргес на кого му покажаа црвен картон и досудија пенал за Бразилците.
А тоа јужноамериканскиот тим го искористи и извлече реми 28-28.

А Словенија го преслуша Иран со 38:21 во првиот натпревар од главната групна фаза во Краков. Најефикасни кај селекцијата на Словенија беа Макуц со шест и Јанц и Влах со по пет гола, додека во иранскиот табор се издвоија Садехзадех и Ораеи со по четири погодоци.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Јуве има нов претседател, наследи загуби од 200 милиони евра
СледноЧиле славеше над Саудиска Арабија во првиот меч од Президент купот