Павле Атанасијевиќ пренесен во болница во Краков, сепак повредата не е сериозна!

307

По синоќешниот меч меѓу Македонија и Аргентина, нашиот млад ракометар на носилки беше изнесен од паркетот на „Таурон Арената“ во Краков. Во тој момент повредата, која беше заработена во финишот на мечот изгледаше навистина сериозно и затоа беше пренесен во Клиничкиот центар во Краков, каде следуваа детални лекарски прегледи.

Добра вест е што сепак повредата не е од сериозен карактер. Имено било утврдено дека се работи за контузија на местото каде што е добиен ударот. Па така може да се оцени дека повредата не е до сериозен тип.

Во текот на следните денови ќе се знае дали Павле Атанасијевиќ ќе може да биде во составот на нашата репрезентација на мечевитеод “Президент Купот“.

ПретходноХамилтон бара 400 милиони евра за нов договор со Мерцедес!
СледноСе подготвува револуција во фудбалот, ќе се стопира времето при измените, повредите, ВАР -прегледите!