Повторно Јокиќ фантастичен, повторно трипл-дабл и победа на Денвер! (ВИДЕО)

1163

Никола Јокиќ одигра уште една фантастична партија во НБА. И повторно трипл-дабл, и повторно победа за Денвер. Србинот јуриша кон ново признание МВП, и тоа трето по ред.

На мечот против Портланд, Јокиќ забележа 36 поени, 12 скокови и 10 асистенции.Ова за него беше 13-ти трипал – дабл во сезоната и вкупно 89 во својата кариера во НБА.

И кога ќе се одигра вака јасно е дека неговиот Денвер забележа триумф со 122:113.

На останатите мечеви кои се одиграа ноќеска во најсилната кошаркарска лига во светот, Милвоки иако без Јанис Антетокунпо успеа да го победи Торонто со 130:122.Триумф забележа и Сан Антонио против Бруклин со 106:98, како и Филаделфија со ЛА Клиперс со 120:110.

ПретходноЛазаров: И ние се мачевме десет години! Не смееме да бидеме депресивни, разочарани – да!
СледноСаудиски бизнисмен платил 2,7 милиони долари за да го гледа Роналдо против Меси и ПСЖ!