Од 19 до 22 јануари во Монте Карло е закажано првото рели од светскиот WRC шампионат, со кое и официјално почнува новата рели сезона.
Традиционално, новата сезона започнува во Монте Карло, а годинава во календарот се најдоа 13 рели трки.
Монте Карло со право се смета за еден од најголемите рели класици. Предизвикувачките тесни патишта на југот на Франција околу Монако во зимски услови многу брзо можат да се претворат во вистински лизгалишта каде дури и најголемите мајстори можат да завршат во снег или во заштитната ограда.
Има 75 екипажи на стартната листа на првото рели оваа сезона, вклучително и десет од оние во најсилната рели 1 класа. Стартниот број 1 ќе го задржи светскиот шампион Кале Рованпера со Toyota Yaris Rally1 Hybrid.
Новитет оваа сезона е враќањето на WRC во Јужна Америка, каде што ќе се вози во Мексико и Чиле, а Белгија, Шпанија и Нов Зеланд повеќе не се во календарот.