Македонскиот младински репрезентативец и член на Работнички односно ФФМ Академијата, Албан Шабани во моментов се наоѓа на проба во шпанскиот гигант Севиља.
Момчето од Скопје кое е родено 20.04.2004 година веќе две недели е дел од академијата на клубот од Андалузија и се обидува да ги импресионира тренерите кои се задолжени за негвата генерација.
Шабани одигра неколку пријателски мечеви секако, затоа што само преку натпревари се дознава вистинскиот капацитет, особено на еден млад играч и сигурни сме дека оставил одличен впечаток.
Шабани е дел секако од младинската школа на Работнички која што е позната по создавањето и прмоцијата на голем број на млади и квалитетни македонски репрезентативци кои заминуваат во странство, а Шабани очигледно наскоро ќе ја продолжува таа низа.