Анте Чачиќ и официјално од денеска има нов договор со кој останува тренер на Динамо Загреб до 2024 година. Во исто време, поставен е да ја ракводи и функцијата спортски директор, што значи дека во исто време и ќе го води првиот тим, и ќе си ги бира засилувањата.
Досега Динамо и реално функционираше на тој начин. Тренерите имаа огрмна слобода во изборот на своите потенцијални засилиувања, а и во мнгоу се прашуваа околу заминувањата.
Што се однесува пак за овој преоден рок, и наводниот интерес на Валенсија за услугите на нашиот репрезентативец Аријан Адеми, Чачиќ кусо изјави.
„Никој повеќе зимава нема да си замине“….