Баерн го купи Јан Зомер за 8+1,5 милион евра

223

Швајцарскиот голман Јан Зомер ќе биде нов фудбалер на Баерн. По неколку неделни преговори конечно работата е завршена, од Менхенгладбах и покрај тоа што изјавуваа дека нема да го продадат на крајот попуштија.
Ја прифатија понудата на Баерн од 8 милиони евра плус 1,5 милиони во форма на бонуси, пренесува швајцарски „Блик“. Па така 34-годишниот голман ќе е сели во Баерн со договор до летото 2025 година.
Тој ќе го замени Мануел Ноер кој поради скршеница на ногата ќе го нема до крајот на сезоната.

ПретходноЧиле славеше над Саудиска Арабија во првиот меч од Президент купот
СледноГути: Модриќ треба да си оди, не му е потребен на Реал