Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, безрезервно ја поддржа кампањата за одговорно дарување. Со оваа кампања и ние како одговорна компанија за приредување електронски и интернет игри на среќа, се приклучивме кон зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерното играње.
Кампањата за одговорно дарување ја организираа Националниот совет за проблеми со коцкање (НЦПГ) и Меѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични навики на Универзитетот Мек Гил.
Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, континуирано работи на едукација на играчите за опасностите кои ги предизвикува комплусивното играње. Во 2019 година е формиран СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана беше СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица од областа на психологијата.
Бројни истражувањата укажуваат дека изложеноста на игри на среќа во најрана возраст, може да ја зголемат веројатноста од развивање проблематична страст кон коцкање. Изложеноста во периодот на детството најчесто е можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик. Лотариските производи не се соодветни подароци за децата, во ниеден случај.
Видеолотарија секогаш нагласува дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.