Гути: Модриќ треба да си оди, не му е потребен на Реал

597

Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и уште не се знае дали ќе го продолжи, а поранешниот играч на кралскиот клуб Гути смета дека Хрватот треба да си замине.
Се сомневам дека Модриќ ќе остане. Тој нема да има голема улога идната сезона и не му е потребен на Реал. Не знам дали ќе дојде Џуд Белингам или некој друг, меѓутоа Модриќ во моментов не му е потребен на Реал“, порача Гути.
Модриќ сезонава одигра 22 меча за Реал и впиша пет погодоци и две асистенции. Пред некој ден Реал го загуби финалето од Суперкупот на Шпанија со поразот од Барселона.

ПретходноБаерн го купи Јан Зомер за 8+1,5 милион евра
СледноEралдo Чинари е нов напаѓач на Шкендија