Додека другите бундеслигаши спијат, Аугзбург се засилува на големо

313

Во актуелниот зимски преоден рок дури 12 од 18 клубови не потрошиле ниту евро на купување на нови играчи. А меѓу најактивните на трансферниот пазар оваа зима е малиот баварски клуб Аугзбург кој денеска комплетира уште две засилувања, па така оваа зима се засили со вкупно четири играчи.
Напаѓачот Келвин Јебоа, внук на попознатиот Тони Јебоа, доаѓа во Аугзбург од Џенова како позајмен. На крајот на сезоната германскиот клуб може да го откупи за 5-6 милиони евра.


Од Брест доаѓа францускиот фудбалер Ирвин Кардона за кого плати половина милион евра. Пред нив Аугзбург ангажираше двајца Хрвати. За 3 милиони евра е купен талентираниот напаѓач Дион Дренa Белјо од Осијек. Од Хајдук за 600.000 евра го купија левиот бек Давид Чолина.
Аугзбург очекува и ангажман на централен играч за врска чие име за сега не е познато во јавноста. Инаку клубот досега го напушти само напаѓачот Флоријан Нидерлехнер кој премина во Херта за 500.000 евра.

ПретходноКопенхаген го урива данскиот рекорд, продава играч за 20 милиони евра!
Следно„Ролеркостер“ меч во Ј. Сандански: МЗТ Скопје во една четвртина го победи ТФТ