Елиф Елмас синоќа за првпат беше капитен на Наполи, но своето капитенско деби нема да го памети по убаво. Имено тој и неговиот тим беа елиминирани, и тоа на својот стадион под Везув, во 1/8 финалето во Купот на Италија и тоа од Кремонезе, од еден од најслабите тимови во Серија А, и тоа по пенал – серијата, откако по 120 минути резултатот гласеше 2:2.
Гостите поведоа со голот на Пикел во 18.минута, но Наполи брзо дојде во водство од 2:1 со головите на Хуан Жезус и Симеоне во 33. И 36.минута. Нашиот Дијамант беше одличен, со капитенската лента беше навистина предводник на тимот, но на 2:1 излезе на пет минути до крајот. И тогаш шок, кога сите помислија декае готово, Кремонезе во 87.израмни на 2:2 преку Афена-Гујан на 2:2.
Кога по продолжениеја немаше голови победникот беше решен во пенал – серијата а таму Кремозене беше поуспешен.