Краковска сурова реалност: Македонија повеќе нема да биде истата, сакале да признаеме или не!

740
qrf

No description available.

Краков го напуштаме со лоши спомени. Тргнавме полни со амбиции заборавајќи на подмладувањето на репрезентацијата и фактот кој ќе нѐ прати долго време, без Кирил Лазаров на теренот и Стојанче Стоилов личиме безкомпасно.Нема кој да ги покрие нашите маани, нема кој да го повлече тимот, НЕМАМЕ ЛИДЕР.

Македонскиот национален тим се враќа на почетокот, години наназад, со игра, но и без верба од народот.

Додека се поставуваат темелите, истите се рушат.

Искрено не знам што е полошо, тоа што искусните требаше да повлечат на теренот се претворија во бледа слика, па дел и без контрола и ги дрпаа за дрес помладите наместо да ги охрабрат, им беше сеедно дали ќе одат во Президент Куп или во главна рунда. Тоа тегнење требаше да се пренасочи кон противничкиот тим.

Вакво нешто одамна не сум доживеала како новинар.

Или пак оние грди коментари, едно е критика, друго е распарчување. Можеме до утре да се тешиме, ама реалноста е таа, Македонија ќе биде ваква, можеби нешто подобра, но ниту одблизу како некогаш.

И на ова првенство ќе се повторам, колку од овие играчи играат во странство, колку имаат силни мечеви за да бидат екстра добри на едно Светско или Европско првенство. Малку се вложува во сопствениот двор, а се плука во туѓиот.Се прозиваат имиња, да не кажам се прават хајки, не со цел да се подобри ракометот, туку истиот да се уништи. Замислете некој побара и медал, сериозно??? Некој што играл за Македонија во зенитот, во најдобрите времиња, а не беше ниту близу до истиот. Сега од лични пресметки, зошто ете се скарал, мава со дрва и камења. За мене нерелевантно па и урнебесно смешно.

Наместо да гледаме како да ги охрабриме овие момци и да уживаме во она што ни е пружено, ние копаме длабока дупка.

Мене ме плаши да не нѐ фати трендот на кошарката или фудбалот. Знам точно што значи промена на генерација, знам и малку луѓе кои навистина вложуваат во спортот и навистина им е драга репрезентацијата. Ракометарите ги имаат сите услови, но на дело не ги оправдуваат. Поразите да бидат достоинствени, без мадиња нема успех.

Секој да си извлече поука, сите да почнеме трезвено да размислуваме, да не бараме медали.

На ракометарите им останува да најдат сили да се издигнат, бидејќи Президент Купот на ова првенство е нашата реалност.

За оставките што ги бараа, не ги сакате вистински, верувајте. На никого не му е дојдено до ракомет, ќе останат на празните зборови што сега им летаат од познатите причини.

ПретходноВидеолотарија дел од глобалната кампања за зголемување на јавната свест за ризикот од вклучување на младите под 18 години во игрите на среќа
СледноНадал во расправија со арбитарот од Србија: Со тебе е секогаш исто (ВИДЕО)