Кристал Палас во судиското продолжение извади реми со Манчестер Ј.

163

Кристал Палас успеа да се спаси од пораз и да одигра нерешено 1:1 против Манчестер Јунајтед во заостанатиот натпревар од 7. коло на англиската Премиер лига.

Манчестер беше подобар на стартот од мечот и успеа прв да поведе. Бруно Фернандеш погоди во финишот на првиот дел за водство на гостите од 1:0, резултат кој беше актуелен се до судиското продолжение, кога домашните со еден брилијантен погодок од слободен удар израмнија на 1:1.

Стрелец на голот за Кристал Палас беше Олисе, кој ја скрати радоста на гостинските фанови.

ПретходноСо релито во Монте Карло почнува новата WRC сезона
СледноПрегледите покажаа мускулно истегнување: Надал ќе паузира два месеци