Македонија на 28 март игра пријателска со Ф.Острови во Скопје, со Мароко не се игра од технички причини!

1399

 

Како што дознаваме, нашата најдобра репрезентација на 28 март во Скопје, ќе одигра пријателска средба со селекцијата на Ф. Острови. Иако се преговараше и за дуел со Мароко, и тоа на гости, во истиот термин, сепак тој меч од технички причини отпадна поради протоколите на ФИФА.

Се очекува оваа информацијата ФФМ и да ја потврди, односно да потврди дека ќе играме со Ф.Острови тест натпревар пет дена по првиот квалификациски натпревар за ЕВРО 2024 со Малта во Скопје.

Мартовскиот ФИФА термин предвидува одигрување на два натпревари, но нашата репрезентација според распоредот во квалификациите ќе одигра само еден, тој со Малта на 23 март, па затоа се бараше противник да се пополни и вториот термин за натпревар. Секако дека мечот со Ф.Острови ќе биде добра шанса да се види формата на нашите фудбалери во тој момент.

ПретходноЕлмас и Наполи шокантно елиминирани од Кремонезе во купот на Италија!(ВИДЕО)
СледноШок на АО: Повредениот Надал елиминиран од Мекдоналд!