Атлетико успеа да ја убеди Барселона да го пушти холандскиот напаѓач за 3 милиони евра. Депај имал неколку понуди надвор од Шпанија, но тој сакал од Атлетико па дури и најавил дека ќе ги бојкотира тренинзите ако не го пуштат на „Метрополитано“.
Холанѓанецот уште вчера ги договорил личните услови и договор до јуни 2025 година. Сумата која ќе ја плати Атлетико е 3 милиони евра плус уште 1 милион во форма на бонуси.
Барселона тактизираше се обидуваше да извлече повеќе пари за него, па дури се споменуваше и размена со Атлетико за Јаник Караско кој исто така сака да си оди од „Метрополитано“ но од тоа најверојатно нема ништо.
Атлетико не сака да го продаде Белгиецот на сред сезона затоа што е важен играч за тимот.
Караско оваа сезона одигра 23 меча со ефект од 4 гола и 2 асистенции.