Миланското дерби во Ријад за Интер: „Нероаѕурите“ по седмипат го освоија Суперкупот (ВИДЕО)

179

По седмипат во клупската историја, Интер го освои италијанскиот Суперкуп. Вечерва во Ријад, во големото градско дерби, Интер го победи Милан со 3:0 и покажа дека е во подобра форма во моментов од актуелниот шампион.

Најголемиот дел од работата „нероаѕурите“ го завршија во првите дваесет минути од натпреварот. Федерико Димарко во 10. Минута реализираше за водство од 1:0, а 11 минути подоцна Џеко веќе зголеми и на 2:0.

 

Милан имаше само поголем посед на топката, но се останато му припадна на Интер во текот на првото полувреме.

Фудбалерите на Милан се обидуваа да дојдат до гол за пресврт, но во 77. минута Лаутаро Мартинез стави печат на победата со трет гол за Интер и конечни 3:0.

 

Интер сега се изедначи со Милан по бројот на трофеи во италијанскиот Суперкуп, а најмногу трофеи се уште има Јувентус, кој деветпати го освои ова натпреварување.

ПретходноШведска ја „издува“ Унгарија, Полјаците немоќни против Шпанија
СледноСо релито во Монте Карло почнува новата WRC сезона