Џанлука Фереро официјално е именуван за нов претседател на италијанскиот фудбалски великан Јувентус откако при крајот на ноември оставка поднесе Андреа Ањели. Целиот Управен одбор, вклучувајќи ги Ањели и потпретседателот Павел Недвед поднесоа оставки поради обвинение за лажно сметководство.
Фереро беше кандидат кој го одреди „Еxor“, холдинг компанијата на Ањели која контролира 64,8 отсто од акциите на најуспешниот италијански клуб. Новиот Управен одбор доби мандат до 2025 година, а Фереро е претседател додека Маурицио Сканавина е главен директор.
Целта на новата Управа е да ја поправи спортската ситуација во клубот но и загрижувачката финансиска ситуација поради загуби од 200 милиони евра, плус клубот е цел на правосудството поради можни финансиски неправилности и лажно сметководство.