По синоќешниот меч меѓу Македонија и Аргентина, нашиот млад ракометар на носилки беше изнесен од паркетот на „Таурон Арената“ во Краков. Во тој момент повредата, која беше заработена во финишот на мечот изгледаше навистина сериозно и затоа беше пренесен во Клиничкиот центар во Краков, каде следуваа детални лекарски прегледи.
Добра вест е што сепак повредата не е од сериозен карактер. Имено било утврдено дека се работи за контузија на местото каде што е добиен ударот. Па така може да се оцени дека повредата не е до сериозен тип.
Во текот на следните денови ќе се знае дали Павле Атанасијевиќ ќе може да биде во составот на нашата репрезентација на мечевитеод “Президент Купот“.