Се подготвува револуција во фудбалот, ќе се стопира времето при измените, повредите, ВАР -прегледите!

384

Како што пишуваат медимите на Островот, се подготвува револуција во фудбалот, се спремаат радикални промени на фудбалските правила.Целта е јасна, играта да биде поефективна, да се игра што повеќе.

ИФАБ, телото кое е задолжено за промените во фудбалската игра, има намера да предложи неколку значајни промени. А една од тие, и назјначајна, е стопирање на времето при измените, потоа при повредите, пеналите, како и при ВАР – прегледите.

Во последно време судиите и тоа како го продолжуваат времетраењето на натпреварите, посебно тоа се виде на СП во Катар, но сепак и тоа не е доволно.

Како што се пренесува, денеска ИФАБ ќе има состанок по кој ќе излезесо неколку опции или предлози. Сепак јасно е дека треба да минат најмалку две години додека официјално не почне применување на тие нови правила.

ПретходноПавле Атанасијевиќ пренесен во болница во Краков, сепак повредата не е сериозна!
СледноДино Баџо: Кога играв со Вијали, постојано користевме допинг, сега стравувам за својот живот!