Со релито во Монте Карло почнува новата WRC сезона

95

Од 19 до 22 јануари во Монте Карло е закажано првото рели од светскиот WRC шампионат, со кое и официјално почнува новата рели сезона.

Традиционално, новата сезона започнува во Монте Карло, а годинава во календарот се најдоа 13 рели трки.

Монте Карло со право се смета за еден од најголемите рели класици. Предизвикувачките тесни патишта на југот на Франција околу Монако во зимски услови многу брзо можат да се претворат во вистински лизгалишта каде дури и најголемите мајстори можат да завршат во снег или во заштитната ограда.

Има 75 екипажи на стартната листа на првото рели оваа сезона, вклучително и десет од оние во најсилната рели 1 класа. Стартниот број 1 ќе го задржи светскиот шампион Кале Рованпера со Toyota Yaris Rally1 Hybrid.

Новитет оваа сезона е враќањето на WRC во Јужна Америка, каде што ќе се вози во Мексико и Чиле, а Белгија, Шпанија и Нов Зеланд повеќе не се во календарот.

ПретходноМиланското дерби во Ријад за Интер: „Нероаѕурите“ по седмипат го освоија Суперкупот (ВИДЕО)
СледноКристал Палас во судиското продолжение извади реми со Манчестер Ј.