Репрезентациите на Франција и Исланд запишаа убедливи победи над Црна Гора односно Зеленортските острови во првото коло од втората фаза на СП 2023.
Црногорците добро им парираа на Французите само едно полувреме (16-13), а потоа немаа сили да извлечат подобар резултат.
Дури 10 гола постигна Мелвин Ричардсон за Франција, а кај Црногорците најмногу гола постигна Божовиќ (6).
Французите славеа со 35-24 и имаат шест бода во Групата 1.
Во групата 2 Исланд славеше со 40-30 над Зеленортските острови и скокна на второто место на табелата со 4 бода и ја претекнаа Португалија која направи кикс денеска со ремито со Бразил.
Кај Исланѓаните најефикасни беа Сигвалди Гудјонсен со 6 додека Кристијансон, Рикардсон и Смарасон постигнаа по 5 гола. Кај африканскиот тим Пина постигна 11 гола.
Во групата 1 од Президент купот (оние што испаднаа во првата фаза од СП), Јужна Кореја го победи Уругвај со 37-30. Во истата група претходно Чиле славеше над Саудиска Арабија со 26-23.