Чиле славеше над Саудиска Арабија во првиот меч од Президент купот

116

Репрезентацијата на Чиле ја победи Саудиска Арабија со 26-23 во првиот меч од Президент купот во кој играат губитниците од првата фаза на СП 2023. Чилеанците славеа на крилата на Ервин Фечтман кој постигна 8 гола, а капитенот Салинас се истакна со 5 гола. Кај Арабија 7 погодоци постигна Ал Абдулали.
Во оваа група 1 се уште Јужна Кореја и Уругвај кои вечерва ќе играат меѓу себе.
Во другата група е Македонија со африканските репрезентации Мароко, Тунис и Алжир. Ние го отвараме Купот со мечот со Алжир утре од 15:30 часот.

ПретходноБразил извади реми со Португалија со помош на ВАР во последната секунда
СледноБаерн го купи Јан Зомер за 8+1,5 милион евра