Ракометарите на Шведска го потврдија статусот на фавори и обезбедија висока и убедлива победа над Унгарија од 37:28 во последниот меч од 1. коло во втората фаза на натпреварите на Светското првенство во Полска и Шведска. Пред своја публика во Гетеборг, Швеѓаните не и дозволија на Унгарија да се понадева на успех откако доминираа и во првото и во второто полувреме на средбата.
Крилото Ване постигна 9 гола и ја предводеше Шведска до победата. Кај Унгарија со 7 гола најефикасен беше Миклош Роста.
На мечот во Краков, селекцијата на Полска и покрај поддршката од публиката не успеа да направи изненадување во дуелот со Шпанија. „Фуријата“ го потврди квалитетот и кандидатскиот статус за битка за медалите обезбедувајќи ја првата победа во втората фаза од натпреварувањето, со која останува во трка со Франција и Словенија за местата кои водат во четвртфиналето. Шпанците славеа со 27:23 и останаа на врвот на табелата со Франција со по 6 бода.
Фигуерас, Алекс Дујшеваев и перез постигнаа по 4 гола и беа предводници на Шпанија до победата. Кај Полска со 7 гола најефикасен беше Сичко.