АО ќе има нов шампион, откако во 2.коло на првиот Гренслем турнир оваа година во Мелбурн, Рафа Надал беше елиминира од Мекензи Мекдоналд од САД со 0:3 во сетови, и тоа со 4:6, 4:6 и 5:7 во гемови.
Во текот на целиот меч Шпанецот беше нервозен, ретко му успеваше да го направи тоа што го сака, во неколку наврати се расправаше и со судијката Маријана Вељовиќ.
Многу проблеми му задаваше повредата на левото колено, но тој сепак не се предаваше. Даде се од себе, го одигра дуелот до крај а потоа сепак мораше да му честита на победникот.