Eралдo Чинари е нов напаѓач на Шкендија

681

Напаѓачот Ералдо Чинари е нов фудбалер на Шкендија. Фудбалерот доаѓа во Тетово од редовите на Самсунспор од Турција и потпиша 1,5 годишен договор. Инаку албанскиот интернационалец може да игра како централен напаѓач и како крилен напаѓач.
Инаку Чинари направи трансфер во Самсунспор во 2021 година, а претходно играше за Партизани од Тирана и Влазнија од Скадар.
Се чувствувам одлично. Многу фанови на Шкендија ми испратија пораки на социјалните мрежи и ми посакаа добредојде. Шкендија е еден од надобрите клубови на овие простори и чест ми е да се биде дел од него“, изјави Чинари.
Тој е петтото засилување за тетовскиот тим по Максимов, Ќака, Мујезиновиќ и Милев.

ПретходноГути: Модриќ треба да си оди, не му е потребен на Реал
СледноДепај во Атлетико за три милиони евра