Швајцарскиот голман Јан Зомер ќе биде нов фудбалер на Баерн. По неколку неделни преговори конечно работата е завршена, од Менхенгладбах и покрај тоа што изјавуваа дека нема да го продадат на крајот попуштија.
Ја прифатија понудата на Баерн од 8 милиони евра плус 1,5 милиони во форма на бонуси, пренесува швајцарски „Блик“. Па така 34-годишниот голман ќе е сели во Баерн со договор до летото 2025 година.
Тој ќе го замени Мануел Ноер кој поради скршеница на ногата ќе го нема до крајот на сезоната.
🚨 BREAKING: Bayern have reached an agreement to sign Yann Sommer from Gladbach, per @FabrizioRomano 🇨🇭🧤 pic.twitter.com/b6L2d3v5gT
— 433 (@433) January 18, 2023