Британски „Телеграф“ пишува дека Лестер Сити е блиску до трансфер на левиот бек Виктор Кристијансен на „Кинг Пауер“ стадионот. Копенхаген се договори со англискиот клуб за сума од 20 милиони евра со што ќе биде соборен данскиот рекорд по најскап направена продажба на фудбалер. На врвот на листата моментално е Камалден Сулеман кој премина од Нордсјеланд во Рен за 17 милиони евра.
Интересно е што Лестер по пет години ќе плати обесштетување за играч во јануарскиот преоден рок.
Кристијансен има 20 години има преку 70 настапи за Копенхаген, а нема играно за сениорската репрезентација на Данска.
ФОТО: Официјален сајт на Копенхаген