Давиде Никола е старо нов тренер на екипата на Салернитана. Само по два дена откако доби отказ, управата на клубот очигледно се свести дека направи грешка, и повторно го назначи.
“Вчера ми се јави претседателот на клубот и ми ги објасни причините за одлуката. Го замолив да го преиспита мојот отказ. Тој се согласи и сега ќе ја вратам довербата од управата со сета сила и страст што ја имам. Се враќам заедно да ја започнеме оваа историја повторно“, напиша Никола на социјалните мрежи.
Никола доби отказ еден ден откако загуби со 2-8 од Аталанта. Тој го води тимот од февруари 2022 година, а во моментов Салернитана има 18 бодови во 18 натпревари и е 16-та во Серија А.
Davide Nicola sostituisce… Davide Nicola 🤯#DAZN pic.twitter.com/jNxiV8b84W
— DAZN Italia (@DAZN_IT) January 18, 2023