Откако украинецот Мудрик се пресели во Челзи наместо во Арсенал, „Топџиите“ сега се концентрираат на сосема друго напаѓачко засилување што е и нормално.
Се работи за интернационалецот од Белгија и во моментов член на Брајтон, Леандро Тросард, кој е суспендиран во моментов од сегашниот клуб поради барање да биде продаден и кавга со менаџерот Роберт Де Зерби.
Според информациите Тросард веќе ги има договорено личните услови со Арсенал, а сега на ред се преговорите на линија клуб со клуб.
Оваа сезона Тросард има седум гола на 17 натпревари за Брајтон. Интересот за него е сериозен, а ситуацијата ја следи и Тотенхем.