Евролига: Барса ја преслуша Басконија, Фенербахче во продолжение го победи Монако

109

Во Евролигата се одиграа пет натпревари од 20 коло, во Истанбул се играше мечот меѓу Фенербахче и Монако кој го добија „жолто-сините“ со 98-94 и тоа во продолжението. Монако ги имаше расположените Мајк Џејмс со 23 поени и шест асистенции и Отара со 19 но недоволно за триумф. Кај Фенер се истакна Вилбекин со 21 поен.

Во шпанскиот дуел Барселона славеше кај Басконија со 85-78. Барса го скрши отпорот на домашните во последниот период и стигна до бодовите. Кај победничкиот тим најефикасни беа Миротиќ со 15, Јокубаитис со 13 поени и Саторански со 11, додека кај Басконија Седекерскис постигна 16, а Хомес 12.На табелата Реал е прв со скор 13-6 и има меч помалку. Фенербахче и Барселона се на делба на второто место по нив е Монако. Басконија е седма…

На другите натпревари Макаби ТА ја победи Алба Берлин со 87-74 додека Виртус Болоња славеше над Панатинаикос со 74-64. Валенсија го совлада Партизан со 89:81.

ПретходноДанска и Хрватска ремизираа во драматичен меч, Србија ја „газеше“ Норвешка па потоа потона
СледноСити губеше со 0:2, па ја сврте за 12 минути и ги однесе бодовите (видео)