Калин Ивановски и Лина Ѓорческа, нашите најдобри претставници во “белиот спорт“ денеска победија на своите мечеви и се пласираа во 1/4 финалето.
Ивановски во Монастир (Тунис), во 1/8 финалето го победи Николча Тепмак со 2:0 во сетови, сосема доволно за пласман во следната фаза.
Лина пак во Талин со 2:1 ја победи Јустина Микулските од Литванија за нов пласман во 1/4 финалето.