Американец гризна Бахреинец и доби син картон

1050

Бизарна ситуација се случи на мечот меѓу САД и Бахреин во 2.коло на СП во ракомет. По 40-тина минути Пол Скорупа го гризнал за раката противничкиот играч Хусаин Алсајад. Судиите по прегледување на снимката прво му покажаа црвен картон на Американецот и потоа син картон, тоа е дополнителна казна во ракометот што значи дека против Скоруп ќе се отвори дисциплинска постапка за дополнителна казна.
Судиите погрешија. Противникот се жалеше, судиите погледнаа снимка и донесоа погрешна одлука. Видов дека има црвена дамка на раката, но тоа сигурно е поради контактот со мојата рака. Не ја отворив устата, се бранев со главата и тоа беше дозволен контакт. Фрустриран сум и помалку лут на одлуката“, изјави Скорупа.
Инаку сините картони ИХФ ги воведе во летото 2016 година.

ПретходноУ-19 футсал селекцијата на Македонија одигра 3:3 против Германија! (ФОТО)
СледноБарселона лесно преку Сеута за четвртфинале во Купот на кралот