АО:И повреден Новак си “гази“ во Мелбурн!

172

Ѓоковиќ – Куаку 3:1 во сетови и триумф на Србинот во 2.коло на Австралија Опен во Мелбурн, секако и пласман во третата рунда. Србинот иако е евидентно е дека се мачи со повредата на мускулот, сепак си “гази“ на нему омилениот Гренслем турнир на кој атакува по десеттата титула.

Не беше така лесно за Новак и денеска, тој лесно го добо првиот сет со 6:1 во гемови, но во вториот на 5:5 побара лекарски тајм-аут. Францускиот тенисер тој гем го доби до 6:7 откако во тај-брејк успеа да го добие Новак со 5:7.

Во третиот сет Ѓоковиќ одигра маестрално и со 6:2 го доби за 2:1 во сетови.

Во последниот сет, Новак ја искажа сета своја сила и успеа да поведе со 4:0, потоа и со 5:0 за на крај со 6:0 го добие сетот за конечна победа со 3:1 во сетови и пласман во следната трета рунда на Австралија Опен.

ПретходноМиовски на радарот на Лацио
СледноМице погоди во триумфот против Тренчин