Атанасов пред потпис со полска Краковија

371

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е на чекор до заминување во Полска. Негов нов клуб треба да биде Краковија, која моментално е осма на табелата во тамошната Екстракласа.

Македонскиот играч за врска не беше дел од експедицијата на сплитски Хајдук на подготовките во Новиград, што беше јасен знак дека е на излезна врата од „Пољуд“. Ако се знае дека неговиот договор истекува на лето, јасно беше дека Хрватите ќе се обидат да заработат на негово заминување.

Атанасов пристигна во Хајдук летото 2020 година, а според неофицијални информации „белите“ за него ќе наплатат отштета од околу 200.000 евра.

ПретходноЈокиќ со јубилеен 90-ти трипл-дабл за нова победа на Денвер (ВИДЕО)
Следно30.000 навивачи беа на тренингот на Меси пред денешната пресметка со Роналдо