Германија ја “торпедираше“ Аргентина

148

Германија во својот прв меч во групата-3 во главната рунда ја победи Аргентина со 39:19 (24:11).

Убедлива игра, убедлива победа на големиот фаворит, едноставно Германците покажаа дека на ова СП имаат намера да одат што подалеку.

Во текот на целиот меч доминираа, а “гаучосите“ немаа никаква шанса да им се спротистават.

Египет исто така беше убедлив и тоа против Белгија, но во групата -4 и победи со 33:28. Со овој триумф Египќаните го осигураа пласманот во 1/4 финалето.

Во “Президент Купот“ меѓу Мароко и Тунис, селекции против кои и ние ќе играме, Тунижаните со 30:25 славеа победа.

ПретходноДе Геа „врие“ по синоќешнотo реми на Јунајтед: Зошто игравме ние, а не и Арсенал?
СледноЛацио ја победи Болоња и се пласира во 1/4 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)