Тимот на Манчестер Јунајтед синоќа киксираше на гостувањето кај Кристал Палас играјќи само 1:1. Иако имаше водство до пследните секунди сепак, Јунајтед прими гол од слободен удар и мораше да се задоволи само со бод.
Дали е навистина задоволен, покажува реакцијата и изјавата на гневниот Давид Де Геа по мечот.
„Еден од нашите најдобри играчи не може да игра сега против лидерот на табелата. НЕ разбирам зошто ние овој заостанат дуел мораше да го играме денес, а Арсенал не. Ова би можело да направи разлика во недела, па дури и на крајот на шампионатот. Не ја разбирам оваа одлука на ФА. Губењето на Касемиро за нас е голем удар“ – изјави Де Геа.
Касемиро инаку синоќа го доби петтио жолт картон сезонава и му следува автоматска суспензија.