„Ел Почо“ е ново засилување за Барса со откупна клаузула од 400 милиони евра!

1740

Барселона синоќа го објави потписот на Лукас Роман, 18-годишен аргентински напаѓач од Феро Карил Оесте, кој во прво време ќе настапува за младинскиот тим на Барселона, чиј тренер е Рафа Маркез.

Барса на својата официјална веб-страница објави дека „Барселона и Феро Карил Оесте постигнале договор за трансфер на аргентинскиот играч, кој потпишува до 30 јуни 2026 година со клаузула за предвремен раскин од 400 милиони евра“.

Весникот „Оле“ објавува дека „операцијата“ е завршена за 1,1 милиони евра, плус 3,5 милиони за идни остварувања на младиот фудбалер.

Прекарот на младиот Роман е „Ел Почо“ и за него анализите велат дека е фантастичен левучар кој може да игра на која било напаѓачка позиција.

Претходно30.000 навивачи беа на тренингот на Меси пред денешната пресметка со Роналдо
СледноПочнуваме со разигрување за пласман: Алжир прва шанса да се поправи впечатокот