Некогашен член на Џенова и Атлетико Мадрид ја засилува Академија Пандев!

3150

Како што велат нашите информации, Сандро Ембало, интернационалец од Португалија ќе биде новото име во редовите на А. Пандев. Ембало кој игра во дефанзивата и има 26 години, веќе е во Струмица и наскоро се очекува да биде промовиран како нов член на “пандевци“.

Сандро Сене Анибал Ембало во својата кариера име променето неколку клубови, но од она што може да се прочита на Трансфермаркт е тоа дека бил фудбалер на Џенова, а како млад бил член и на младинската школа на славниот Атлетико Мадрид. Настапувал и за младинските школи на Брага и Спортинг Лисабон.

ПретходноКалин со нова победа во Тунис, триумф и на Лина!
СледноАталанта со “петка“ ја “поздрави“ Специја! (ВИДЕО)