Досегашниот играч на тимот на Вардар, Ерен Парталко е нов играч на Пелистер. Младиот напаѓач се сели во Битола, како последица на очигледниот егзодус кој се случува во таборот на Вардар, и во кој фудбалерите се во потрага по нов стабилен дом што се вели.
Парталко го пронајде во Битола, каде што сиот овој изминат период беа во потрага по новитет во напаѓачките редови.
Парталко е дете на Вардар, беше еден период и во Академија Пандев, и ова му е прв излет надвор од матичниот клуб на сениорско ниво. Има 20 години и може да игра на сите напаѓачки позиции.