Пелистер и Гостивар во директна битка за второто место

104

Македонскиот преставник во АБА 2 лигата, Пелистер денеска (18.30 ч.) ќе го пречека Гостивар во вториот меч од 12. коло во домашното првенство. Во трката за позицијата број 2 во вториот круг од натпреварувањето во салата „Боро Чурлевски“ гостува Гостивар, кој исто така има нескриени амбиции за највисок пласман.

Интересно ќе биде да се види како ќе се снајде репрезентативец Андреј Маслинко, кој во овој преоден рок го напушти Гостивар и се реши за договор токму со екипата од Битола.

Останатите три натпревари од овој круг ќе се играат во сабота.

ПретходноДени Ингс од Астон Вила во Вест Хем за 15 милиони фунти
СледноДончиќ на натпревар пристигна со тенк (ФОТО + ВИДЕО)