Почнуваме со разигрување за пласман: Алжир прва шанса да се поправи впечатокот

331

Македонската ракометна репрезентација денеска со натпреварот против Алжир (15.30 ч.) ги продолжува настапите на Светското првенство во Полска. Иако очекувавме место во втората главна фаза од шампионатот, сепак, по трите порази во групата избраниците на Кире Лазаров од денеска ја почнуваат битката за пласман од 25. до 32. место.

Прва од трите африкански ривали кои ги имаме во групата „2“ во т.н. Президентс Куп е селекцијата на Алжир, која пред две години во Египет успеа да стигне до главната рунда, победувајќи го Мароко во клучниот натпревар од групата, а на крајот заврши на 22-та позиција. Сега тимот чиј тренер е Рабах Герби како и ние не успеа да освои ниту бод на воведната фаза, по поразите од Србија, Катар и Египет.

Почнувајќи од СП во Катар 2015 година, Алжир загубил на 15 од 16-те настапи на мундијалите. Нашата репрезентација во првата фаза од првенството го има вториот најлош одбранбен скор меѓу сите учесници, откако примивме дури 108 гола (во просек 36 по натпревар). Интересно, Македонија и Алжир досега имаат само една пресметка на СП и тоа во Хрватска во 2009 година кога ги победивме со убедливи 32:19.

ПРЕЗИДЕНТС КУП

15.30 Алжир – Македонија

18.00 Мароко – Тунис

ГРУПА 3

15.30 Катар – Холандија

18.00 Германија – Аргентина

20.30 Норвешка – Србија

ГРУПА 4

15.30 САД – Бахреин

18.00 Египет – Белгија

20.30 Данска – Хрватска

Претходно„Ел Почо“ е ново засилување за Барса со откупна клаузула од 400 милиони евра!
СледноФаворитите се пакуваат за дома: Елиминации за Зверев, Руд, Фриц…