Прегледите покажаа мускулно истегнување: Надал ќе паузира два месеци

192

Шпанецот Рафаел Надал, 22-кратен победник на Грен слем турнирите, ја откри природата на повредата здобиена за време на мечот со американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија Опен.

„Направив лекарски преглед по вчерашната повреда. Магнетната резонанца покажа истегнување на мускулот на левата нога. Ме очекува одмор и антиинфламаторна физиотерапија. Нормално време за опоравување е шест до осум недели“, напиша Надал на социјалните мрежи.

Надал загуби во 2. коло на Австралија Опен со 4:6, 4:6, 5:7, со што не успеа да ја продолжи битката за одбрана на титулата од минатата година.

ПретходноКристал Палас во судиското продолжение извади реми со Манчестер Ј.
СледноЈокиќ со јубилеен 90-ти трипл-дабл за нова победа на Денвер (ВИДЕО)