Сити губеше со 0:2, па ја сврте за 12 минути и ги однесе бодовите (видео)

192

Малку недостасуваше Манчестер Сити пак да остане без бодови во меч од Премиер лигата. „Граѓаните“ имаа доста проблеми во дуелот со Тотенхем, губеа на полувреме со 0:2 со примени голови од Кулушевски и Емерсон Ројал.

Меѓутоа на стартот на вториот дел магија од домашните. Изгледа Гвардиола им одржал лекција на полувреме па во вториот дел играчите на Сити изгледаа како вистински војници. Во период од 51. до 63. минута го свртеа резултатот во своја корист и на крајот ги однесе бодовите.

Хулијан Алварез и Ерлинг Халанд обезбедија 2:2, а веднаш потоа Ријад Марез даде гол за 3:2. Во финишот Марез даде уште еден гол за конечни 4:2.
Па така по 19 одиграни натпревари Сити е втор со 42 бода, а Тотенхем е на 5. место со 33 бода. Арсенал е лидер кој по 18 кола има 47 бода.

ПретходноЕвролига: Барса ја преслуша Басконија, Фенербахче во продолжение го победи Монако
СледноЈуве преку Монца до 1/4 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)