Тен Хаг: Не се потрудивме доволно за втор гол

213

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изрази жалење поради фактот што тимот не успеа да ја постигне десеттата последователна победа во сите натпреварувања. „Црвените ѓаволи“ водеа до последните секунди на гостувањето кај Кристал Палас синоќа , но домаќините израмнија и го спречија Јунајтед да се вклучи уште повеќе во борбата за титулата.

„Го контролиравме натпреварот и постигнавме убав гол. Не би рекол дека нашиот настап вечерва беше најдобар што можеше да биде, но генерално одигравме на ниво. Сепак, требаше да се потрудиме да постигнеме втор гол. На 2:0 се ќе беше решено“, изјави Тен Хаг по мечот“ – рече Тен Хаг па прокоментира и околу прекршкот на Касемиро, жлтиот картон и автоматската суспензија за следниот дуел.

Касемиро го направи фаулот инстинктивно затоа што можеше да види дека може да има опасност пред нашиот гол. Кога ќе примите гол на минута или две пред крајот, многу е тешко да го вратите, но таа шанса ја имавме преку Касемиро . Мораме да извлечеме поука од тоа што се случи“, додаде Холанѓанецот. 

ПретходноНовак за повредата: Искрено, воопшто не е добро!
СледноСелекторот Лазаров го објави составот за дуелот со Алжир!