Фаворитите се пакуваат за дома: Елиминации за Зверев, Руд, Фриц…

128

Утрово неколку фаворити на машкиот дел од Австралија Опен се простија од натамошните настапи. По Каспер Руд кој беше поразен со 3:1 од Американецот Бруксби и Александар Зверев и Тејлор Фриц беа елиминирани во второто коло на првиот Грен Слем.

Зверев беше елиминиран од „среќниот губитник“ Мајкл Мо од САД со 6:7 (1), 6:4, 6:3, 6:2, додека Фриц, деветтиот тенисер во светот, натпреварувањето го заврши со пораз од Алексеј Попирин 7:6 (4), 6:7 (2), 4:6, 7:6 (6), 2:6.

Германецот се врати од повреда, но очигледно е надвор од форма и тоа се виде на овие два меча на Австралија Опен. Од друга страна, Фриц, кој исто така не е во форма, загуби од Попирин во маратон кој траеше точно четири часа.

ПретходноПочнуваме со разигрување за пласман: Алжир прва шанса да се поправи впечатокот
СледноПерез почна операција за доведување наследници на Бензема и Модриќ