Јокиќ со јубилеен 90-ти трипл-дабл за нова победа на Денвер (ВИДЕО)

88

Кошаркарите на Денвер ја совладаа Минесота со 122:118 и со тоа ја постигнаа осмата последователна победа во НБА лигата. Во текот на мечот, Минесота поголемиот дел од вториот дел го мина во водство, но Денвер го имаше српскиот центар Никола Јокиќ, кој го забележа 90. трипл-дабл во кариерата. Тој во победата на својот тим забележа 31 поен, 13 асистенции и 11 скока.

Јокиќ постави и нов тимски рекорд за Денвер со 3.686 асистенции по 568 одиграни натпревари.

Денвер е на првото место во Западната конференција со 32 победи и 13 порази, а Минесота е на 10. место со 22 победи и 24 порази.

Атланта го совлада Далас на гости со 130:122 и ја постигна четвртата последователна победа. Тимот од Џорџија до победата го предводеше Дежонте Мареј со 30 поени и седум скока. Лука Дончиќ постигна 30 поени за домашниот тим (19 во првата четвртина), со осум асистенции, додека Кристијан Вуд додаде 22 поени.

На домашен терен победија и Оклахома и Јута. Јута го победи Лос Анџелес Клиперс со 126:103, додека Оклахома и го нанесе петтиот последователен пораз на Индијана со 126:106.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Атланта 122:130

Њујорк – Вашингтон 105:116

Хјустон -Шарлот 117:122

Мемфис – Кливленд 115:114

Њу Орлеанс – Мајами 98:124

Оклахома – Индијана 126:106

Јута – ЛА Клиперс 126:103

Денвер – Минесота 122:118

ЛА Лејкерс – Сакраменто 111:116

ПретходноПрегледите покажаа мускулно истегнување: Надал ќе паузира два месеци
СледноАтанасов пред потпис со полска Краковија