Јуве преку Монца до 1/4 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)

79

 

Во последниот осминафинален дуел во Купот на Италија, вечерва Јуве потешко од очекувањата успеа да ја победи Монца со 2:1 и да се пласира во следната, четврфинална фаза во ова натпреварување. Јувентус поведе со голот на Кеан уште во 8.минута, но гостите брзо вратија со гол за 1:1, и тоа во 24.минута преку Валоти.

Сепак да нема продолженија или евентуално пенали,се погрижи Кијеза кој во 78.минута со убав гол успеа да ја затресе мрежата на Монца за конечни 2:1.

Јувентус во 1/4 финалето во Купот на Италија го чека дуел со Лацио, ова би требало да биде дерби на оваа фаза.

ПретходноСити губеше со 0:2, па ја сврте за 12 минути и ги однесе бодовите (видео)
СледноНикогаш не ги отпишувајте “кралевите“: Реал со чудесен пресврт до триумф кај Вилјареал! (ВИДЕО)