30.000 навивачи беа на тренингот на Меси пред денешната пресметка со Роналдо

1253

Над 30.000 луѓе го следеа тренингот на Пари Сен Жермен во Доха пред пријателскиот натпревар кој парижани ќе го одиграат денеска со ѕвездите од екипите на Ал Хилал и Ал Наср во чии редови од неодамна настапува Кристијано Роналдо.

Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар предизвикаа невидена еуфорија на стадионот Калифа во Доха.

Судирот се чека со голем интерес. Навивачите ќе можат да ги видат Кристијано Роналдо и Лионел Меси како се соочуваат уште еднаш. Од друга страна, ова ќе биде прв натпревар на Роналдо во Саудиска Арабија по неговиот трансфер од пред неколку недели.

Организаторите веќе известија дека добиле преку 2 милиони онлајн барања за билети за оваа средба која се игра попладнево од 18 часот.

ПретходноАтанасов пред потпис со полска Краковија
Следно„Ел Почо“ е ново засилување за Барса со откупна клаузула од 400 милиони евра!