Фудбалерите на Аталанта како да не знаат за доста. Ако пред неколку денови со 8:2 ја победија Салернитана во меч од Серија А, попладнево со 5:2 славеа против Специја во Купот на Италија со што се пласираа во 1/4 финалето на ова натпреварување.
Двапати Лукман, по еднаш Хојлунд и Хатебоер а автогол си даде Ампаду беа стрелците на победничкиот тим. Додека Екдал и Верде погодија за Специја.